Најмалку 15 повредени во ноќешните руски напади врз Украина


ukraina-napad-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку 15 лица се повредени во масовниот руски напад врз Украина во текот на ноќта, соопштија локалните власти, цитирани од ДПА.


Сирени за воздушни напади се огласија во многу делови од земјата, принудувајќи ги жителите да бегаат во засолништата. Силни експлозии се слушнаа во Киев, Харков и Днипро (Днепропетровск).

Олександр Гања, началник на воената администрација на регионот Днипро, соопшти дека се повредени најмалку 14 лица, вклучувајќи едно дете. Уште едно лице е повредено во регионот Никопол, а станбени згради се оштетени во Кривиј Рог.

Украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија истрелала крстосувачки ракети и роеви беспилотни летала во обид да ја совлада украинската воздушна одбрана.

Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана објави дека 127 украински беспилотни летала се соборени над Русија во текот на ноќта, вклучително и во регионите Свердловск и Чељабинск.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK