Иран погуби маж обвинет за соработка со Израел


iran-Depositphotos_671426498_L.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Маж обвинет за соработка со израелските тајни служби за време на големите протести во Иран во јануари беше погубен утрово, објавија иранските судски власти.


Егзекуциите во земјата зачестија од избувнувањето на војната, која започна со американско-израелски напад врз Иран на 28 февруари.

Ерфан Киани беше обесен по постапка одобрена од Врховниот суд, објави судското издание Мизан.

Во него Киани е опишан како еден од „главните ликови“ вклучени во „мисија организирана од Мосад“ за време на протестите што ја потресоа централната иранска покраина Исфахан.

Погубениот маж беше обвинет за „уништување на јавен и приватен имот, палење, поседување и користење молотови коктели, носење нож (мачета), блокирање патишта, напад врз полицајци и влевање страв кај граѓаните“.

Ова е деветто погубување во земјата од 19 март по обвиненија поврзани со јануарските протести.

Владата призна дека повеќе од 3.000 луѓе се убиени за време на протестите, а насилствата ги нарече „терористички акти“ предводени од САД и Израел.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK