Над Киев соборени 18 руски беспилотни летала, тврдат украински воени претставници

dron_3534543
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Украинските воени претставници соопштија дека во текот на ноќта 18 руски беспилотни летала биле соборени над Киев.

„Сите откриени воздушни цели беа уништени од нашата противвоздушна одбрана“, напиша денеска шефот на воената управа на Киев, Сергеј Попко во објава на Телеграм.


По напад со дрон избил и пожар во станбена зграда, но нема жртви.

Експлозиите го потресоа и градот Чернихив, североисточно од Киев.

Неколку експлозии се пријавени во пристанишниот град Мариупол во Азовското Море, кој беше окупиран од Русија. Руските медиуми јавија дека експлозии имало и на аеродромот во градот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK