Најмалку 52 лица загинаа, а повеќе од 50 се повредени во самоубиствениот напад на верски собир во пакистанската провинција Балучистан, соопштија полициски претставници.
Бомбашкиот напад се случил во близина на џамија во Мастунг, област во провинцијата Белучистан, на собир на прослава на роденденот на исламскиот пророк Мухамед. Повредените се префрлени во блиските болници, а дел од нив се во критична состојба.
Бомбашот го активирал експлозивот во близина на возилото на заменик началникот на полицијата, изјави полициски претставник за „Ројтерс“.
Министерот за внатрешни работи Сарфраз Бугти објави дека бомбашкиот напад бил „многу грозоморен чин“.
Муслиманите во Пакистан и ширум светот го слават роденденот на исламскиот пророк со одржување јавни состаноци.
Чадор-организацијата на различни тврдокорни сунитски исламистички групи, Техрик-е Талибан Пакистан, негира дека го извршила нападот, за кој сè уште никој не ја презел одговорноста.