– Југозападниот дел на САД со повеќе од 110 милиони жители е зафатен со топлотен бран, а температурните рекорди би можеле да бидат урнати во дури 38 градови.
Стотици пожарникари се борат со пожарите во предградието на Лос Анџелес, јави Би-Би-Си.
Температурите во Долината на смртта во Калифорнија вчера достигнаа 53,9 степени Целзиусови, соопшти Националната метеоролошка служба.