По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, специјалното одделение за високотехнолошки криминал, уапсен е мажот кој му се заканувал на Александар Вучиќ.
На социјалната мрежа Х тој се заканувал дека ќе убие.
Како што пренесуваат медиумите, станува збор за лице по име О.С, кој на таа социјална мрежа напишал „Атентат, реално, би бил благословен“.