На роденденот на неговиот син, уапсен еден од најбараните италијански мафијаши

На-роденденот-на-неговиот-син-уапсен-еден-од-најбараните-италијански.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Италијанските карабинери го уапсија Гаетано Ангрисано, еден од 100-те најопасни италијански бегалци, доцна вчера на роденденската забава на неговиот двегодишен син, пренесува Анса.

31-годишникот е високо рангирана личност во кланот Ванела Граси од неаполската мафија Камора.

Полицијата му стави лисици на рацете додека го прославуваше роденденот на својот син во Скампија, област зафатена со криминал во јужниот град.

Во операцијата беа вклучени повеќе од 250 карабинери. Ангрисано мора да отслужи 10-годишна затворска казна за криминален заговор за трговија со дрога.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK