Одѕивот на гласачите на претседателските избори во Русија до 16 часот по московско време на првиот ден од гласањето надмина 23 отсто, покажуваат податоците на веб-страницата на Централната изборна комисија.
На изборите во 2018 година, кога се гласаше во еден ден, излезноста до 10 часот по московско време беше 16,55 отсто, до пладне – 34,72, до 17 часот – 51,9. Вкупниот одѕив тогаш надмина 67 отсто, пренесува РИА Новости.
Претседателските избори во Русија почнаа денеска, а гласањето завршува на 17 март.
За претседателската функција се борат четворица кандидати: Леонид Слуцки, Николај Харитонов, Владислав Даванков и актуелниот претседател Владимир Путин.