На прагот на историски успех: Првата држава што би можела да го елиминира ракот на грлото на матката


rak-na-grloto-na-matkata-depositphotos_678486720_l.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шест месеци по раѓањето на своето прво дете, по долгогодишна борба да забремени, Криси Волтерс се соочила со дијагноза што ѝ го променила животот.


По обилно крвавење и низа прегледи, тогаш 39-годишната мајка од австралискиот град Тувумба дознала дека има напреднат рак на грлото на матката. Денес, повеќе од една деценија подоцна, болеста се проширила, а лекарите ѝ соопштиле дека состојбата е терминална.

„Му реков на сопругот дека мора да е некаква грешка“, се присетува Волтерс, која поминала низ бројни исцрпувачки и инвазивни терапии. Нејзината ќерка, денес дванаесетгодишна, растела покрај мајчината болест, а разговорите за смртта започнале уште додека била многу мала.

Сепак, токму во годината кога нејзината ќерка прима вакцина против хуманиот папилома вирус (ХПВ), Австралија е на чекор до историски успех – елиминација на ракот на грлото на матката како јавно-здравствен проблем.

Австралија е меѓу првите земји во светот што воведе национална програма за вакцинација против ХПВ, уште во 2007 година, кратко по развојот на вакцината Gardasil.

Оваа вакцина штити од вирусот што може да предизвика рак на грлото на матката – четвртиот најчест рак кај жените во светот.

Програмата за вакцинација во 2013 година била проширена и на момчиња, со што дополнително се намалува ширењето на вирусот. Денес повеќе од 80 проценти од девојчињата помлади од 15 години ја примаат вакцината.

Покрај тоа, Австралија има и еден од најнапредните системи за рано откривање на болеста. Од 2017 година се користи почувствителен ХПВ тест наместо класичниот ПАП-тест, кој се прави на секои пет години.

На жените им е овозможено и самостојно земање примерок, што е особено важно за оние што избегнуваат прегледи или имаат отежнат пристап до здравствени услуги.

Според достапните податоци, Австралија би можела да го елиминира ракот на грлото на матката до 2035 година, а можеби и порано.

Елиминација во овој контекст значи намалување на бројот на случаи на помалку од четири на 100.000 жени, наведува Би-Би-Си.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK