На маргините на АСЕАН средба Блинкен – Ји

blinken-ji
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска на маргините на средбата на АСЕАН, што се одржува во Џакарта, се сретна со највисокиот кинески дипломат Ванг Ји.

Блинкен минатиот месец го посети Пекинг при што имаше средба со кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг и со Ванг. Тоа беше прва посета на американски државен секретар на Кина во изминатите пет години, чија цел беше да се намалат тензиите помеѓу двете најголеми светски економии.


И американската министерка за финансии Џенет Јелен минатата недела ја посети Кина, а специјалниот претставник на САД за климата Џон Кери најави дека следната недела ќе го посети Пекинг.

Амбасадорот на Кина во САД вчера имаше несекојдневна средба во Пентагон со највисокиот американски одбранбен претставник за Азија. Средбата уследи по критиките на САД за неподготвеноста на Кина да се вклучи во комуникацијата за воени прашања.

Експертите наведуваа дека сите овие средби се дел од напорите да се отвори патот за средба помеѓу американскиот претседател Џо Бајден и кинескиот лидер Си Џинпинг во текот на годината.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK