На Гутереш му е забрането да стапне во Израел: шефот на дипломатијата го прогласи за „персона нон грата“

0f5e91be-f3be-4f17-a433-0693fc00cf6d.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац, денеска изјави дека му забранува влез во земјата на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, бидејќи не го осудил недвосмислено иранскиот ракетен напад врз Израел.



„Секој кој не може недвосмислено да го осуди грозоморниот напад на Иран врз Израел, како што тоа го направи речиси секоја земја во светот, не заслужува да стапне на израелска почва“, рече Кац, пренесе Ројтерс. Кац додаде дека Израел ќе продолжи да ги брани своите граѓани и да го штити своето национално достоинство, „со или без Антонио Гутереш“.

Бидејќи не зборуваше против Иран, Гутереш е „непожелна личност“ во Израел, заклучи израелскиот министер. Иран вчера истрела повеќе од 180 балистички проектили врз Израел додека ескалираа судирите меѓу Израел и либанската група Хезболах, поддржана од Иран.

По нападот, Гутереш даде куса изјава во која зборува само за „најновите напади на Блискиот Исток“ и го осуди конфликтот што „ескалира“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK