„Мојот брак не би го преживеал тоа“: Роберт Кенеди ја одбил понудата на Трамп да биде негов потпретседател

„Мојот-брак-не-би-го-преживеал-тоа-Роберт-Кенеди-ја.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот претседателски кандидат Роберт Кенеди Џуниор изјави дека не сака да биде потпретседател на Доналд Трамп доколку победи на претседателските избори во ноември.


„Мислам дека мојот брак не би го преживеал тоа“, изјави Кенеди за списанието Variety.

„Мислам дека е во право“, додаде неговата сопруга, актерката Шерил Хајнс.

Во изминатите неколку дена американските медиуми објавија дека тимот на Трамп му пристапил на Кенеди за предлог да биде потпретседател на кандидатот за претседателска номинација на Републиканската партија.

„Тимот на Трамп рано изрази интерес за Кенеди, но рано е да се каже“, објави Њујорк пост, цитирајќи неименуван извор.

Комуникацијата, наводно, била воспоставена „веднаш кога Роберт ја објавил“ својата претседателска кандидатура. Кенеди Џуниор ја најави својата кампања за претседателските избори во април 2023 година, првично како кандидат на Демократската партија.

Сепак, во октомври најави дека ќе биде независен кандидат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK