„Мојата меморија е доста добра, јас сум постар човек и знам што правам“: Бајден задоволен што нема да биде обвинет

Меѓу-американските-заложници-во-Газа-има-и-тригодишно-дете-Бајден.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека е задоволен што специјалниот обвинител Роберт Хур заклучил дека не треба да биде обвинет во случај на несоодветно постапување со доверливи документи кога ја напуштил позицијата на потпретседател на САД во 2017 година.
„Специјалниот обвинител објави дека целосно соработував. Ниту ја блокирав истрагата, ниту побарав одложување“, рече Бајден во вонредното обраќање по повод објавувањето на заклучоците од истрагата.


„Тврдењата дека намерно сум криел доверливи документи се погрешни. Не го прекршив законот и овој случај е затворен за мене“, рече Бајден, пренесе Гласот на Америка.

Како пример за соработка со истрагата, Бајден го наведе петчасовното интервју распоредено во два дена во текот на октомври, во времето на конфликтот меѓу Израел и екстремистите од Хамас.

Бајден ги критикуваше наводите на специјалниот обвинител Хур дека американскиот претседател не се сеќава кога починал неговиот син Бо, наведувајќи ги неговите проблеми со меморијата.

„Како се осмелува да направи такво нешто? Кога ми го поставија тоа прашање, си помислив дека такво нешто не е нивна работа“, рече Бајден за време на неговиот говор во Белата куќа.

„Мојата меморија е доста добра. Јас сум постар човек и знам што правам“, изјави американскиот претседател.

Обвинителот Роберт Хур рече дека одлучил да не покренува обвиненија затоа што Бајден соработувал во истрагата и затоа што најверојатно ќе привлече симпатии како обвинет за време на судењето.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK