Мишел: Во интерес на ЕУ е стабилна и конструктивна соработка со Кина

mishel
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел изјави дека е во интерес на Европската унија да одржува „стабилна и конструктивна“ соработка со Кина, додека Групата Г7 се состана за да разговара за кинеската „економска принуда“ и други грижи.

Лидерите на Г7, кои од денеска го почнуваат тридневниот самит во јапонскиот град Хирошима, се очекува да издадат коминике со „дел посветен на Кина“, наведувајќи ги прашањата како „економска принуда и друго непримерно однесување“, рече американски официјален претставник.


Лидерите на Г7 се фокусираат на тоа како да ја предупредат втората по големина економија во светот за тоа што тие го гледаат како закана за глобалните синџири на снабдување и економската безбедност без да го отуѓат моќниот и важен трговски партнер.

-ЕУ сака да ги избегне ризиците со цел да ги намали прекумерните зависности и да се диверзифицира за да се справи со нефер практиките, рече Мишел на брифинг со новинарите во Хирошима, наведуваат британските медиуми.

„Стабилните и конструктивни односи со Кина се во наш заеднички интерес“, кажа тој.

-Со оглед на нејзината улога во меѓународната заедница и големината на нејзината економија, Кина има посебна одговорност во светот и мора да игра според меѓународните правила, додаде тој.

Кина традиционално е еден од најголемите трговски партнери на Русија, благодарение на енергијата, а Русија ја зголеми својата зависност од Кина за владините приходи од извозот, откако западните купувачи ги прекинаа врските по руската инвазија на Украина.

Мишел ја повика Кина да го искористи своето влијание врз соседот за да стави крај на војната во Украина.

-Ја повикуваме Кина да изврши притисок врз Русија да ја запре нејзината воена агресија, рече Мишел.

Кина во февруари промовираше предлог од 12 точки за политичко решение на украинската криза.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK