Министерот за внатрешни работи на Франција: Можни се високи тензии на денот на изборите

retgfdg.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за внатрешни работи на Франција Жералд Дарманен денеска изјави дека на денот на првиот круг од вонредните парламентарни избори можни се „многу силни тензии“, но оцени и дека нема ризик од терористички напади.


„Можно е да има исклучително силни тензии“, изјави Дарманен за француското радио РТЛ.

Тој рече дека властите се подготвуваат за „многу запалива“ ситуација навреме за гласањето во недела, на 30 јуни, кое ќе се одржи на помалку од еден месец пред почетокот на Олимписките игри во Париз.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK