Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска изјави дека истекува времето за договор со Хезболах за запирање на судирите долж израелско-либанската граница.
Во разговор со неговиот американски колега Лојд Остин, Галант истакна дека „можноста за договор во северната арена е при крај бидејќи Хезболах продолжува да се „здружува“ со Хамас“, пренесува Тајмс оф Израел.
Галант, исто така, му рекол на американскиот министер за одбрана дека „какво и да е сценариото, израелските одбранбени сили ќе продолжат да дејствуваат со цел да го уништат Хамас и да обезбедат враќање на заложниците што Хамас ги држи во Газа“, објави кабинетот на Галант, пренесува Танјуг.
Хезболах истрела ракети и беспилотни летала кон северен Израел по избувнувањето на конфликтот во Газа по нападот врз Израел од страна на палестинската милитантна група Хамас на 7 октомври минатата година, пренесуваат медиумите.
Хезболах најави дека ќе ги запре нападите доколку се постигне прекин на огнот во Газа, но, според написите, повеќемесечните преговори со посредство на САД, Катар и Египет се во застој.