Осомничениот за обидот за убиство рекол дека Трамп го разочарал како претседател и дека сака да ги направи робови Американците

tramp3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Рајан Весли Раут (58), кој беше уапсен поради безбедносен инцидент на Флорида што ФБИ го истражува како обид за убиство на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, има богато криминално минато и исклучиво ги поддржува демократските кандидати од 2019 година, јавуваат американските медиуми.



Според Њујорк пост, Раут, кој е од Северна Каролина, често објавувал коментари за политиката на социјалните мрежи, а во април на мрежата Х напишал дека „демократијата е на гласачкото ливче“ оваа година.

„Не можеме да загубиме“, напиша тој, повторувајќи ја реториката против Трамп, според весникот.

За Трамп рече дека го разочарал како претседател и дека „сака да ги направи робови Американците“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK