Милиони ќе ја „платат цената“ на руското повлекување од договорот за жито со Украина

guteresh
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изјави денеска дека милиони луѓе кои се соочуваат со глад ќе ја „платат цената“ на одлуката на Русија да се повлече од договорот за жито со Украина. Тој во изјава во седиштето на Обединетите нации во Њујорк нагалси дека потегот на Москва „ќе им нанесе удар насекаде на луѓето кои имаат потреба“.







„Стотици милиони луѓе се соочуваат со глад, а потрошувачите се соочуваат со глобална криза на трошоците за живот. Тие ќе ја платат цената“, рече Гутереш.

Шефот на ОН додаде дека длабоко жали за одлуката на Русија, но додаде дека таа нема да ги спречи напорите на светската организација да „го олесни непречен пристап“ до глобалните пазари на храна и ѓубрива од Украина и Русија.

„Нашата цел мора да продолжи да биде унапредување на глобалната безбедност на храната и глобалната стабилност на цените на храната…„Ова ќе остане во фокусот на моите напори, земајќи го предвид порастот на човечкото страдање што неизбежно ќе произлезе од денешната одлука“, рече тој.

Гутереш изрази жалење што писмото што му го испратил на рускиот претседател Владимир Путин минатата недела со нов предлог за одржување на иницијативата во живот „не било земено предвид“.

Првиот заменик постојан претставник на Русија во ОН, Дмитриј Полјански, денеска соопшти дека одлуката за раскинување на договорот за жито е конечна.

„Да, одлуката е конечна“, изјави Полјански на новинарите во Њујорк.

На прашањето дали ќе има дополнителни разговори на оваа тема, рускиот дипломат рече: „Колку што знам, нема да има“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK