Поранешниот чилеански претседател Себастијан Пинера загина денеска во хеликоптерска несреќа на југот на земјата, објави локалниот медиум Ла Терцера.
Три извори потврдија за Ројтерс дека Пинера загинал во несреќата. Чилеанскиот милијардер беше претседател на земјата во два мандати, од 2010 до 2014 година и од 2018 до 2022 година.
Владини извори, цитирани од Ла Терцера, изјавија дека четири лица патувале во хеликоптерот кога се урнал и дека тројца биле „пронајдени од првите служби за итни случаи“.
Чилеанската национална агенција за катастрофи СЕНАПРАД потврди дека хеликоптер се урнал во јужниот град Лаго Ранко, при што едно лице загинало, а три други се повредени.