Мерц предлага: Западен Балкан како набљудувач во ЕУ, Украина како придружна членка без право на глас


merc-epa.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Германскиот канцелар Фридрих Мерц предложил нов пристап за проширувањето на Европската Унија, според кој земјите од Западен Балкан би добиле статус на „набљудувачи“ во институциите на ЕУ, додека Украина би станала „придружена членка“ без право на глас.


Во писмо испратено до лидерите на ЕУ, Мерц наведува дека процесот на проширување трае предолго и создава фрустрации кај земјите кандидати.

За Западен Балкан и Молдавија, тој предлага „иновативни решенија“, како привилегиран пристап до единствениот европски пазар и поголема вклученост во работата на институциите на ЕУ, вклучително статус на набљудувач.

Тој во писмото зборува за доделување статус на набљудувач на земјите од Западен Балкан во сите релевантни институции на Европската Унија и одржување заеднички седници на Европската комисија или Европскиот парламент со претставници од земјите од Западен Балкан за прашања кои директно се однесуваат на регионот, пренесува „Радио Слободна Европа“.

Пет членки на ЕУ бараат интегрирање на земјите кандидати во заедничкиот европски пазар.

„Постепената интеграција би можела да се воспостави преку изградба на блокови кои би можеле да бидат основа за целосна примена на соодветните области на политики, а потоа би била проследена со зголемена поддршка во процесот на спроведување на правната тековина на Европската Унија. Дополнително, би можеле да ја унапредиме споменатата институционална интеграција врз основа на суштински напредок. Сето ова би можело значително да ги приближи земјите кандидати до нас и со тоа да поттикне нова амбиција за понатамошни реформи потребни за постигнување на полноправно членство“, наведува германскиот канцелар Фридрих Мерц.

„Треба цврсто да останеме при нашето ветување дека земјите од Западен Балкан и Молдавија можат да се приклучат на Европската Унија, како што е утврдено со Копенхашките критериуми и предвидено со Солунската агенда од 2003 година. Нашата цел не се промени: завршување на Европската Унија со вклучување на сите земји кандидати во Унијата“, додаде германскиот канцелар.

За Украина, предлогот вклучува статус на „придружена членка“ кој би овозможил учество на состаноци на ЕУ без право на глас и постепено приближување кон законодавството на Унијата.

Мерц нагласува дека овие мерки не го заменуваат процесот на полноправно членство, туку треба да го забрзаат и приближат, без промена на основните договори на ЕУ.

Тој истакнува дека целта останува полноправно членство на земјите кандидати, но со поголема интеграција уште пред финалниот прием.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK