Премиерkata на Италија, Џорџа Мелони изјави дека ги разбира критиките на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, кои беа упатени до Европа во неговиот говор на Безбедносната конференција во Минхен во февруари.
„Морам да кажам дека се согласувам. Ова го кажувам со години.Европа малку се изгуби себеси“, одговори Мелони на прашање за обвинувањата на Венс дека Европа уназадила во својата посветеност на слободата на говорот и демократијата, пренесе Анса.
Во својот говор, Венс рече дека внатрешните закани се најголемите предизвици за европската демократија, а не надворешните закани од Русија или Кина и дека најголемиот проблем е масовната имиграција. Мелони нагласи и дека критиките на американскиот претседател Доналд Трамп против ЕУ не се упатени на нејзиниот народ, туку на „класното владеење и идејата дека наместо да се гледа реалноста и да се најдат одговори за луѓето, може да се наметне идеологија“, пренесува Танјуг.