Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, изјави дека руските сили можат да стигнат до Киев, ако не сега, тогаш во втората фаза од конфликтот, и дека „елитите“ кои сега владеат во главниот град на Украина мора да си заминат.
Руските сили би можеле да стигнат до Киев бидејќи, како што рече Медведев, заканата за постоењето на Русија доаѓа од тој град, кој е под контрола на противниците на Руската Федерација предводени од САД.
Медведев изјави режимот во Киев е претставен со марионети кои немаат грижа на совест и страв за иднината на Украина.
„Елитите кои сега владеат во Киев мора да си заминат, некои сами ќе изберат, а некои ќе бидат принудени“, изјави Медведев за руските медиуми.
Медведев изјави дека сите одлуки на Киев се носат во странство и во седиштето на НАТО и дека, според тоа, тој град веројатно би можел да биде цел на руското освојување, пренесе РИА Новости.
Медведев тврди дека западните политичари, вклучително и германскиот канцелар Олаф Шолц и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, не веруваат дека Украина ќе победи, туку дека се принудени, рече тој, да го повторат тоа во јавноста за да се оправдаат огромните трошоци за воена помош за Киев.
„Позициите на Москва и Вашингтон сега се спротивни и тешко дека ќе биде можно да се премости тој јаз и да се подобрат односите во наредните децении“, рече Медведев.