Медведев до Западот: Кажете им ја горчливата вистина на вашите гласачи, не ги третирајте како идиоти без мозок

Медведев-до-Западот-Кажете-им-ја-горчливата-вистина-на-вашите.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност и поранешен руски претседател Дмитриј Медведев изјавите на западните политичари за наводниот можен конфликт на Русија со НАТО и Европската унија ги нарече „исклучително опасни муабети“.


„Сунак, Шолц, Макрон, норвешки, фински, полски и други лидери од земјите на НАТО велат дека мора да бидат подготвени за војна со Русија“, напиша тој на својот канал на Телеграм. Медведев истакна дека, иако руската страна повеќепати изјавила дека нема планови за конфликт со НАТО и земјите од Европската унија, „крајно опасните муабети на оваа тема продолжуваат“.

„Причините се очигледни, потребно е да се сврти вниманието на гласачите за да се оправда трошењето милијарди долари за грозоморната Украина.

На крајот на краиштата, огромни суми пари не се трошат за решавање на социјалните проблеми во овие земји, туку за војна во земја која е на умирање и туѓа за даночните обврзници, чие население пребега низ Европа и го тероризира локалното население. Затоа, лидерите на овие земји повторуваат секој ден: мора да се подготвиме за војна со Русија и да продолжиме да и помагаме на Украина, затоа мора да произведеме повеќе тенкови, гранати, беспилотни летала и друго оружје.

Но, сите европски лидери цинично ги лажат своите граѓани. Ако не дај Боже дојде до ваква војна, нема да оди според сценариото на СВО. Нема да се спроведува во ровови со артилерија, оклопни возила, беспилотни летала и опрема за електронско војување.

Значи, поради неспоредливоста на нашиот воен потенцијал, едноставно нема да имаме избор. Одговорот ќе биде асиметричен. За заштита на територијалниот интегритет на нашата земја ќе користат балистички и крстаречки ракети со специјални боеви глави. Ова е засновано на нашите воени документи и на сите им е добро познато, ќе биде апокалипса. Крај на се“, напиша тој.

„Затоа, западните политичари треба на своите гласачи да ја кажат горчливата вистина, а не да ги третираат како идиоти без мозок. Објаснете им што навистина ќе се случи, а не да ја повторуваат лажната мантра за подготвеност за војна со Русија“, додаде тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK