Медведев: Бајден е луд и психички растроен, реши да го одвлече човештвото во пеколот

ea0c899d-3317-4109-aedc-fd252e90528c.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Заменик-шефот на Советот за безбедност на Русија и близок соработник на Владимир Путин, Дмитриј Медведев, го коментираше американскиот претседател Џо Бајден.


Медведев се осврна на говорот на Бајден за состојбата на нацијата.

„Американскиот претседател Џо Бајден не требаше да го спомнува неговиот претходник Френклин Делано Рузвелт, бидејќи тој, за разлика од Рузвелт, само ги срами САД“, објави Медведев на социјалната мрежа Х.

„Бајден е срамот на САД“, објави Медведев и додаде дека „иако 32-от американски претседател беше слаб човек во инвалидска количка, тој ја извлече Америка од депресија“.

„За разлика од Рузвелт, Бајден е луд, ментално пореметена личност која е решена да го одвлече човештвото во пеколот. Покрај тоа, Рузвелт се бореше за мир со сојузниците, вклучително и СССР, додека Бајден активно и упорно се обидува да започне Трета светска војна. Рузвелт се бореше против фашистите, а Бајден се бори за нив“, напиша поранешниот руски претседател на Х.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK