Маж во Германија добил на лотарија: во шок направил неверојатен потег

Маж-во-Германија-добил-на-лотарија-во-шок-направил-неверојатен.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Човек од Германија добил на лотарија, а поради шок, лозот го сокрил во плакар.


Откако добил лотарија од над два милиони евра, маж (50) од околината на Штутгарт во Германија го сокрил лозот во плакар. Не можел да поверува дека станал милионер.

„Кога виде дека има шест точни броеви, доживеа шок, го сокри билетот во плакарот и малку подоцна повторно го провери“, објави во неделата Лото Баден-Виртемберг. Во своето соопштение за медиумите, Лото Баден-Виртемберг наведува дека човекот одиграл шест точни победнички бројки и освоил 2.074.074,70 евра.

„Сè што му недостасуваше беше супер број. Веројатноста за погодок беше околу еден на 15,5 милиони. „Човекот има семејство, тој е татко и рече дека засега сака да продолжи да работи и да одвои малку време да размисли што ќе прави со својата добивка“, објави Лото Баден-Виртемберг, пренесува магазинот „Феникс“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK