Маж тешко повреден во експлозија на улица во Германија: „Имаше силен тресок и потоа видовме човек во пламен“

гг.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во експлозија што се случила во германската сојузна покраина Северна Рајна Вестфалија, утрово околу 6:30 часот тешко е повреден сопственик на куче.


„Повредениот мораше да биде префрлен во болница со спасувачки хеликоптер“, изјави портпаролот на полицијата, пренесе Билд. Тој, меѓу другото, има тешки изгореници на рацете и лицето, но се уште е нејасно како дошло до експлозијата. Локалната водителка на WMW радио Леа Паслик била сведок на инцидентот.

„Сè се случи многу брзо, рече таа.

„Имаше силен тресок. Голем број соседи се појавија на прозорците и излегоа на улица. И тогаш видовме човек кој гореше, а на кого, се разбира, веднаш му беше укажана помош. Набрзо пристигнаа многу пожарникари и полиција“, рече таа.

Полицијата го опколи просторот пред станбената зграда, а истрагата ја презеде одделението за криминалистичка истрага. Според првите информации, столарот Стефан С.(58) излегол од куќата за да го прошета своето куче јоркширски териер Мило.

Потоа видел пакет до автомобилот Форд и посегнал по него. Одеднаш дошло до експлозија.

„Тоа беше бомба“, му рекол подоцна на соседот кој му притрчал на помош со вода и ќебиња.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK