Паоло Пасквалини (39) од Манциана во близина на Рим, Италија, во неделата наутро бил пронајден мртов во шумата откако бил нападнат од ротвајлери.
Мажот бил идентификуван неколку часа подоцна откако полицијата го пронашла неговото тело. Имал длабоки повреди на повеќе делови од телото: рани на лицето и горните екстремитети.
Трагедијата се случила околу 08:30 часот, но кога пристигнала помош тој веќе бил мртов. Полицијата соопшти дека мажот џогирал кога го нападнале три ротвајлери.
Кучињата биле заробени откако им биле дадени седативи, а потоа однесени во локална одгледувачница.
Италијанските медиуми јавуваат дека кучињата избегале од куќата недалеку од местото каде што го нападнале човекот.
„Никогаш до сега не биле агресивни“, изјавила сопственичката на кучињата, која била во куќата кога кучињата успеале да избегаат, додека нејзиниот сопруг бил на работа. Таа е шокирана од овој трагичен исход.
Двојката може да се соочи со обвиненија за убиство од небрежност и суровост кон животните.
Телото на жртвата го пронашле случајни минувачи кои алармирале. Поточно, еден фармер, кој бил во околината со својот добиток, интервенирал откако го слушнал врисокот на Паоло. Тој се обидел да ги оттурне ротвајлерите, прво со викање, а потоа и со стап, ризикувајќи и самиот да биде нападнат. Успеал да се скрие во возило од каде повикал помош.
„Слушнавме врисоци и повици за помош“, велат другите сведоци кои биле во близина на местото на нападот.
39-годишникот вработен во трговска компанија во околината, кој обично трчал во таа шума на неколку стотини метри од куќата.