Масовно киднапирање ученици во Нигерија: Властите спасија 14, се трага по преостанатите

Масовно-киднапирање-ученици-во-Нигерија-Властите-спасија-14-се-трага.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Нигериските безбедносни сили спасија 14 од најмалку 20 студенти киднапирани од универзитет во северозападниот дел на земјата и трагаат по преостанатите заробеници, соопштија денеска образовните власти. Вооружени напаѓачи нападнаа училиште во Бунгуду, државата Замфара минатата недела и побегнаа со студентите и некои работници.

Ова е прво масовно киднапирање на ученици во западноафриканската држава Нигерија, откако претседателот Бола Тинубу ја презеде функцијата во мај.

Ваквите киднапирања на ученици од училиштата се вообичаени во северозападните и централните региони на Нигерија, каде вооружените групи често земаат луѓе како заложници и бараат огромни откупнини.

Како што велат аналитичарите, киднаперите ги користат откупнините за да купат оружје и да ги продолжат своите нелегални активности.

Вооружени банди вршат насилни напади во многу оддалечени заедници, често искористувајќи го недоволното присуство на безбедносните сили во тие области.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK