Нигериските безбедносни сили спасија 14 од најмалку 20 студенти киднапирани од универзитет во северозападниот дел на земјата и трагаат по преостанатите заробеници, соопштија денеска образовните власти. Вооружени напаѓачи нападнаа училиште во Бунгуду, државата Замфара минатата недела и побегнаа со студентите и некои работници.
Ова е прво масовно киднапирање на ученици во западноафриканската држава Нигерија, откако претседателот Бола Тинубу ја презеде функцијата во мај.
Ваквите киднапирања на ученици од училиштата се вообичаени во северозападните и централните региони на Нигерија, каде вооружените групи често земаат луѓе како заложници и бараат огромни откупнини.
Како што велат аналитичарите, киднаперите ги користат откупнините за да купат оружје и да ги продолжат своите нелегални активности.
Вооружени банди вршат насилни напади во многу оддалечени заедници, често искористувајќи го недоволното присуство на безбедносните сили во тие области.