Масовни руски ракетни напади врз речиси цела Украина

Русите бомбардираа хотел во кој се одржува детски камп
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Во текот на изминатата ноќ Русија изврши масовни ракетни напади врз повеќе места во Украина, соопшти Воздухопловството на вооружените сили на Украина.

„Опасност од ракетен напад беше прогласена во Суми, Полтава и источните региони поради лансирање на крстосувачки ракети од стратешките бомбардери Ту-95МС од областа на Каспиското Море“, се наведува во извештајот, пренесува Униан.


Во Л’вов, на западот на Украина, делови од ракети паднаа врз станбени згради и има повредени, изјави  шефот на регионалната администрација Максим Козицки.

Тој додаде дека се урнал таванот во еден од хипермаркетите, а оштетени се и возила.

Во Луцк, на северозападот на Украина, погодена е индустриска компанија, а има и повредени, изјави градоначалникот Игор Полишчук, пренесуваат украинските меидуми.

Во Дњепар избувнал пожар во компанија како последица на ракетен напад, а има и повредени, изјави шефот на регионалната администрација Сергиј Лисак.

Опасност од ракетни напади беше прогласена и во јужниот и во централните делови на Украина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK