Масовен ракетен напад врз Киев, се слушаат експлозии

Кличко им порача на граѓаните да останат во засолништа
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Утрово руските сили повторно извршија масовен ракетен напад врз Украина, а цел е и Киев, каде во неколку наврати одекнаа експлозии, јавуваат украинските медиуми.

Главниот град на Украина, Киев, повторно се најде на удар на руски беспилотни летала, а властите предупредија и на ракетни напади од Москва.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека утрово се слушнале експлозии во градот и дека остатоците од дрон предизвикале пожар во областа Десњански, во близина на центарот.

Аларми имаше и во други градови, меѓу кои Херсон и Николаев.

Воздухопловните сили на вооружените сили на Украина објавија дека Русија подигнала 16 стратешки бомбардери Ту-95МС од кои лансира ракети и дека е прогласена тревога за воздушен напад низ цела Украина.

На ракетниот напад му претходел напад со беспилотни летала, јавува Интерфакс Украина и наведува дека украинската воздушна одбрана ги уништила сите 35 дронови лансирани од Русија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK