Мароканската морнарица извлече пет тела на мигранти, сите државјани на Сенегал, и спаси 189 луѓе откако нивниот брод потона во близина на Гергерат, во Западна Сахара. Покрај петте извлечени тела, 11 мигранти се во „критична состојба“ и се пренесени во болница во Дахла, Западна Сахара, изјави денеска воен извор за мароканските медиуми.
Брод со мигранти тргна во саботата илегално од земјата, која се наоѓа јужно од Мароко, во обид да стигне до Канарските Острови и Шпанија.
Спасените мигранти, меѓу кои и една жена, се префрлени во пристаништето Дахла за да може мароканската жандармерија да ги спроведе важечките административни работи, изјави воен извор.