Макрон: Влегуваме во нова ера, иднината на Европа не смее да се решава во САД и Русија


677z381_677z381_makron-rat.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави во телевизиско обраќање до нацијата дека следната недела во Париз ќе се одржи состанок на началниците на генералштабовите на европските земји кои се подготвени да гарантираат за идниот мир во Украина.


„Без разлика дали мирот во Украина ќе се постигне брзо или не, европските држави мора да бидат способни подобро да се бранат или да одвратат каква било нова акција. Мора да ја зајакнеме нашата одбрана. Во овој поглед, остануваме посветени на НАТО, но мора да ја зајакнеме нашата независност. Иднината на Европа не смее да се решава во Вашингтон и Москва“, рече Макрон.

Според него, на претстојниот состанок ќе бидат донесени повеќе одлуки, меѓу кои и заедничко финансирање на набавката на тенкови, авиони итн. на европско тло како дел од зајакнувањето на одбраната без зголемување на дефицитот, пренесува Фигаро.

Тој го најави и утрешниот состанок на Европскиот совет, на кој ќе присуствува и Володимир Зеленски, нагласувајќи дека тоа е одлична можност европските земји да се посветат на брзо зголемување на инвестициите во одбраната.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK