Макрон, Шолц и Туск итно се среќаваат поради Украина

sholc-makron.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полскиот премиер Доналд Туск, германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон ќе се сретнат во петок во Берлин на итно договорени разговори за помош за Украина, пренесува Ројтерс.



Средбата ја најави Туск, а ја потврди и извор од германската влада. Тоа ќе биде прва средба на високо ниво на „Вајмарскиот триаголник“, платформа за политичка соработка меѓу Германија, Франција и Полска воспоставена во 1991 година, откако Туск се врати на чело на полската влада минатата година.

„Разговарав со претседателот за тоа како да ги мобилизирам партнерите во Европа“, рече Туск доцна во вторникот по разговорите со Џо Бајден во Вашингтон. „За петок е свикан итен состанок на Вајмарскиот триаголник“, додаде тој.

Шолц и Макрон прво ќе разговараат одделно пред да му се придружат на Туск.

Средбата доаѓа во време на тензии меѓу француското и германското раководство за повеќе прашања, особено политиката кон Украина. Макрон неодамна предизвика вистинска бура со изјавите дека не исклучува распоредување на копнени сили во Украина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK