Францускиот претседател Емануел Макрон го претстави националниот „еколошки план“ за намалување на емисиите на стакленички гасови за 55 отсто и ставање крај на употребата на фосилни горива до 2030 година.
Говорејќи по состанокот со министрите, Макрон рече дека ќе бидат инвестирани дополнителни 10 милијарди евра во програма од 50 точки, која ја опиша како „екологија на француски начин“, пренесува „Гардијан“.
„ Од суштинско значење е Франција да ја намали зависноста од фосилни горива, јаглен, бензин и гас, кои веќе не ги произведуваме, туку од кои зависиме – рече Макрон, додавајќи дека целта е оваа зависност да се намали од сегашните 60 на 40 отсто до 2030 година.
Тој посочи дека приоритет е целосно прекинување на користењето на јагленот за производство на електрична енергија до јануари 2027 година.
Планот за заштита на животната средина на Макрон вклучува и забрзување на производството на електрични автомобили, нови проекти поврзани со офшор ветерни електрани, отворање на неколку фабрики за батерии на северот на земјата, како и мапа која ќе претстави каде може да се најдат природните ресурси во Франција, вклучувајќи водород и основни елементи за литиумски батерии.
Дополнително, француската влада ќе инвестира 700 милиони евра за развој на регионалната железничка мрежа.