Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека распуштањето на францускиот парламент и распишувањето предвремени избори е единствениот можен одговор на добрите резултати што ги постигна крајната десница на изборите за Европскиот парламент (ЕП) во неделата.
Макрон на прес-конференција рече дека предвремените избори се единствениот пат напред, пренесе Ројтерс.
Францускиот претседател ги повика умерените политичари од левицата и десницата да се обединат за да ја поразат крајната десница на парламентарните избори.