Макрон ја одложи посетата на Германија поради нередите во Франција

makron_32242343
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Францускиот претседател Емануел Макрон ја одложи утрешната официјална посета на Германија поради немирите во Франција, соопшти кабинетот на германскиот претседател.

– Францускиот претседател Емануел Макрон денеска имаше телефонски разговор со својот германски колега Франк-Валтер Штајнмаер и го информираше за ситуацијата во неговата земја. Претседателот Макрон побара да се одложи неговата планирана државна посета на Германија, се вели во соопштението.


Макрон заедно со сопругата Брижит утре требаше да допатува во тридневна посета на Германија. Агендата предидуваше средба и со герамнскиот канцелар Олаф Шолц, како и говор на Макрон во Дрезден за француско-германските односи.

Нередите во Франција избувнаа во вторникот откако тинејџер беше убиен од полицаец во предградие на главниот град Париз.

Во насилните протести само изминатата нож беа приведени над 1.300 луѓе, а повредени 79 полицајци и припадници на жандармеријата.

Запалени се околу 1.350 автомобили, а опожарени или оштетени се 234 објекти. Надлежните регистрирале вкупно 2.560 пожари.

За справување со нередите биле ангажирани околу 45.000 полицајци, неколку оклопни возила и хеликоптери.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK