Маја Санду на крајот од самитот на ЕПЗ: Ја обединивме Европа за да го вратиме мирот

maja sandu
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателката на Молдавија, Маја Санду денеска изјави дека на самитот на европската политичка заедница во таа земја се покажале „силата и единството“ во време кога е загрозена стабилноста на Европа.







„Денеска го собравме целиот континент овде за да ги потврдиме силните меѓусебни односи, да го вратиме мирот во Европа. Покажавме сила и единство кога стабилноста на нашиот континент е загрозена“, рече Санду на прес-конференцијата на крајот од самитот.

На заедничката конференција со премиерите на Чешка и Шпанија, Санду рече: -Покажавме дека сме обединети против најголемата агресија од Втората светска војна.

Таа додаде дека лидерите разговарале и за заеднички акции кои ќе ја направат Европа посилна и побезбедна.

Премиерот на Шпанија, каде што ќе се одржи следниот самит на 5 октомври, изјави дека денешниот состанок не се одржал случајно во Молдавија и дека земјата „може да смета на европското семејство“.

Европската политичка заедница е неформален дипломатски форум создаден минатата година на иницијатива на францускиот претседател Емануел Макрон.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK