Луксузни куќи во Хонг Конг на раб на уништување, сопствениците ги прекршиле правилата за градба

Луксузни-куќи-во-Хонг-Конг-на-раб-на-уништување-сопствениците.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Луксузните дворци покрај карпа во Хонг Конг се на работ на уривање по рекордните дождови во кои загинаа две лица, а повеќе од сто беа повредени. Дополнително, свлечишта имаше низ градот. Полицијата во Хонг Конг запечати најмалку три имоти на полуостровот Редхил, крајбрежна станбена област на јужната страна на островот, и евакуираше еден што беше во „непосредна опасност“.


Фотографиите од резиденциите вредни повеќе милиони долари покажуваат дека големи делови од карпата под базените и градините се урнати. Надлежните им потврдија на медиумите дека има докази за незаконски или неовластени градежни работи на двата погодени имоти, вклучувајќи диво изграден базен и подрум за кој е наводно урнат дел од потпорен ѕид, пишува Гардијан.

Владините ресори сè уште истражуваат дали дивоградежните работи се поврзани со одроните. Секретарот за развој Бернадет Лин им рече на новинарите во неделата дека „примарниот фокус во овој момент е да се стабилизира наклонот за да се обезбеди јавна безбедност“.

„Кога тоа ќе се направи, ќе продолжиме со неопходните мерки против прекршување на законот“, најави таа. Таа додаде дека владините служби го процениле наклонот склон на лизгање на земјиштето и дека ќе извршат итна стабилизациска работа пред да им се дозволи на евакуираните да се вратат.

Тајфунот Хаикуи е одговорен за најсилните дождови од почетокот на евиденцијата во Хонг Конг пред 140 години, што предизвика големи поплави и лизгање на земјиштето минатата недела.

Поплавени се патиштата и станиците на метрото, а отсечени се и некои крајбрежни села. Предупредувањата за лизгање на земјиштето останаа во сила во текот на викендот и вчера, при што луѓето беа предупредени да избегнуваат ризични области и патишта.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK