Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека по терористичкиот напад во Красногорск кај Москва, неопходно е справување со силите зад Украина.
„Сега е неопходно да се дојде до суштината. Украинците се Украинци, сепак има одредени сили зад Украинците и треба да разговараме со нив“, изјави Лукашено на новинарите.
Лукашенко, кој денеска пристигна во Москва, истакна дека сега е малку веројатна каква било комуникација со Киев.
„Вие не разговарате со нив и тешко дека ќе разговарате со нив во иднина. Можеме да ви помогнеме доколку ви треба некој да помогне во преговорите“, рече Лукашенко.
Тој додаде дека не гледа смисла во обидот да преговара со Украина.
„Русија мора да разговара со силите зад Украина, нема смисла да се преговара со Киев“, изјави Лукашенко.