Лукашенко: Десетици илјади војници на НАТО се распоредени во близина на Белорусија и Русија

Лукашенко-Десетици-илјади-војници-на-НАТО-се-распоредени-во-близина.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека загриженоста за можниот почеток на Третата светска војна е целосно оправдана, пренесува руската државна прорежимска агенција ТАСС.

„Воената моќ повторно стана главен аргумент на глобалните центри за одлучување. Како никогаш да немало милиони загуби на човечки животи и ужаси за време на Првата и Втората светска војна! Загриженоста за можна трета светска војна е легитимна, има причини за тоа“, рече Лукашенко на состанокот со највисоките претставници на националната безбедност, пишува новинската агенција БелТА.

Лукашенко рече дека десетици илјади војници на НАТО и стотици единици воена опрема, авиони и хеликоптери се распоредени во близина на границите на Русија и Белорусија.

„Во непосредна близина на Белорусија и Русија, како дел од операциите на Алијансата кои се спроведуваат во Европа, се стационирани околу 32.000 војници од комбинираните контингенти на вооружените сили на НАТО и САД. Тоа се повеќе од 1.000 оклопни единици, околу 160 артилериски системи и минофрлачи, 235 авиони и хеликоптери“, рече Лукашенко.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK