Лондон го обвини Пекинг: Кинезите регрутираат наши и други истакнати граѓани

london_britanija_34545
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Властите на Велика Британија предупредија дека Кина наводно активно наоѓа Британци на високи позиции, кои потоа се обидува да ги регрутира за да изврши притисок врз Лондон, соопшти денеска британската влада.







Во официјален документ објавен на нејзината веб-страница, владата на ОК „признава дека Кина се обидува да ги таргетира државјаните на Британија и нејзините сојузници кои се на клучни позиции со чувствителни информации и искуство“, вклучително и оние кои работат за владата, војската, индустрискиот сектор, но и пошироко од тоа.

Кина ја „мина границата“ и сега наместо да се обидува да влијае на властите во Лондон, таа се занимава со мешање во внатрешните работи на Обединетото Кралство. Покрај тоа, Пекинг многу активно спроведува шпионски акции во сајбер сферата, поради што Лондон е принуден да инвестира значителна сума пари во компјутерската заштита на Велика Британија.

Веста се појави откако претходно медиумите објавија дека Лондон приведе вработен во британскиот парламент под сомнение за шпионажа за Пекинг. Неговата сфера на работа, како што пренесува „РИА Новости“, биле надворешнополитичките прашања на земјата, меѓу кои е и соработката со Пекинг.

„Тајмс“ објави дека станува збор за 28-годишниот Крис Кеш, кој бил во контакт со голем број високи функционери на Конзервативната партија, кои имале пристап до тајни информации. Тој беше приведен во март годинава, по што беше пуштен со кауција.

На сето ова, Кина одговара дека „не е вистина, туку е измислица и ве повикуваме да престанете да ширите дезинформации“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK