Претседателите на Литванија, на Полска и на Летонија напишаа писмо до генералниот секретар на НАТО и лидерите на Алијансата, предупредувајќи на заканата од агресивните активности на Русија и развојот на ситуацијата во Белорусија.
Соработката меѓу Русија и Белорусија ја влоши безбедноста на регионот и на целата евроатлантска област, се наведува во заедничкото писмо на Гитанас Науседа, Анджеј Дуда и Егилс Левитс.
Тие укажуваат дека со тоа што Русија ја користи белоруска територија во војната против Украина и стационирањето на руско тактичко нуклеарно оружје на територијата на Белорусија, е „ескалирачки потег и директна закана за безбедноста на заедницата“.