Лидерите на ЕКОВАС в четврток ќе расправаат за натамошните чекори кон Нигер

ekovas
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Лидерите на економската заедница на западноафриканските држави ЕКОВАС (ECOWAS) в четврток планираат да се состанат во главниот град на Нигерија, Абуџа, за да ги договорат натамошни чекори за справување со кризата во  Нигер, земјата која на 26 јули беше преземена од воената хунта, изјави денеска портпаролот на ЕКОВАС за ДПА.

Петнаесетчлената организација минатата недела им постави седумдневен ултиматум на новите владетели, кои со државниот удар ја презедоа власта во земјата. Ултиматумот, со кој се повика новата хунта да го врати демократски избраниот претседател на Нигер, Мохамед Базум, истече вчера. ДПА појаснува дека во ултиматумот беше наведено дека организацијата ќе преземе и посериозни мерки, што може да вклучат и насилство, доколку Базум не биде вратен на власт.


Премиерите на ЕКОВАС треба да се сретнат во Абуџа, потврди портпаролот на ЕКОВАС Амос Лунгу за ДПА.

Нигерискиот претседател Бола Тинубу е актуелен претседател на ЕКОВАС.

Мали и Буркина Фасо се суспендирани од оваа организација откако нивните влади беа преземени од војската со државни удари. Двете земји, кои ги делат границите со Нигер, застанаа на страната на новите воени владетели во Нигер и се заканија дека секоја интервенција во оваа земја ќе ја сметаат за „објавување војна“, потсетува ДПА.

Базум беше уапсен, сменет и заменет со лидерот на пучот, командантот на претседателовата гарда, генерал Абдурахаман Тчиани, кој го суспендираше Уставот на земјата и ги распушти сите уставни институции.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK