Лазарини: Во Газа се води војна против децата

677z381_677z381_deca-hrana.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Од октомври до февруари, според извештаите на палестинското Министерство за здравство, повеќе од 12.300 деца биле убиени во Газа.

„Зачудувачки е бројот на убиени деца во Газа, тоа е војна против децата и нивното детство и иднина“, напиша денеска на социјалната мрежа Икс Филипе Лазарини, комесар на Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци.

Тој наведе дека од октомври до февруари, според извештаите на Министерството за здравство на Палестина, во Газа биле убиени над 12.300 деца, што е повеќе од 12.193 деца кои биле убиени во сите војни во светот во претходните четири години.

Лазарини повика на итен прекин на огнот во Газа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK