Лавров: Обидите на Западот да ја изолира Русија целосно пропаднаа

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека обидите на Западот да ја изолира Русија целосно пропаднале бидејќи, како што вели, претседателот Владимир Путин има голем број различни странски партнери.



Лавров денеска одржа говор во Советот на Федерацијата, што е горниот дом на рускиот парламент, пренесува руската државна новинска агенција ТАСС.

„Политиката насочена кон изолација на Русија не успеа. Доволно е да се споменат бројни примери на интеракција меѓу претседателот Путин и неговите странски колеги. Ние, како што можете да видите во реалноста, сме подготвени за таков предизвик и ќе продолжиме цврсто да ја браниме нашата вистина.

Ние не се прилагодуваме на концептите и шемите предложени од други земји. Ние сами ја обликуваме надворешнополитичката агенда, водејќи се од нашите сопствени приоритети, почитувајќи ги признатите норми на меѓународното право и земајќи ги предвид интересите на нашите партнери кои се подготвени да соработуваат со нас врз основа на взаемно почитување и уважување на суверените интереси“, рече Лавров, пренесува ТАСС.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK