Лавров: Исходот од војната во Украина ќе го реши оружјето, а не преговорите


Depositphotos_287420968_XL.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека исходот од војната во Украина ќе биде одреден на бојното поле, а не преку преговори, пренесува Еуроњуз.


Тој остро го критикуваше отвореното писмо што украинскиот претседател Володимир Зеленски му го упати на рускиот претседател Владимир Путин, оценувајќи дека таквиот потег покажува оти Киев нема интерес за преговори.

Лавров го повтори и ставот на Путин дека за исходот од конфликтот не се клучни разговорите, туку дејствијата на завојуваните страни на фронтот.

Во меѓувреме, Кремљ ја отфрли иницијативата поддржана од Франција, Германија и Обединетото Кралство за прекин на огнот и мировни преговори, обвинувајќи ги европските лидери дека истовремено зборуваат за мир и продолжуваат со воената поддршка за Украина.

Лавров упати критики и кон САД, изразувајќи разочарување што Вашингтон, според него, не покажува интерес за претходно постигнати договори со Москва.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK