Лавров го претстави руското решение за војната меѓу Израел и Хамас

Лавров-го-претстави-руското-решение-за-војната-меѓу-Израел-и.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров повика на прекин на огнот и решавање на хуманитарните прашања како приоритет за намалување на тензиите во војната во Газа.


„Потоа, се разбира, потребен е механизам кој ја разгледува ситуацијата во поширок контекст“, рече Лавров во Техеран, на маргините на разговорите за нестабилноста во регионот на Јужен Кавказ, пренесе руската новинска агенција Интерфакс.

Тој контекст, рече Лавров, предвидува решение со две држави. Тој го обвини Вашингтон дека со години ја блокира работата на Квартетот за Блискиот Исток, кој го сочинуваат Обединетите нации, САД, Европската унија и Русија.

Покрај прекинот на огнот, Русија побара отворање на хуманитарни коридори за помош на населението во Појасот Газа со храна и лекови.

На состанокот на министрите за надворешни работи на Иран, Турција, Ерменија и Азербејџан во Иран, Лавров го критикуваше распоредувањето на американски воени бродови во источниот Медитеран како опасно мешање во конфликтот.

Колку повеќе такви чекори, „толку е поголема опасноста да се прошири конфликтот“, рече шефот на руската дипломатија.

Руското раководство, кое води војна против Украина, со денови повикува да се поштедат цивилите и цивилната инфраструктура. Во Украина, од почетокот на војната, руските напади убија илјадници цивили и уништија цели села и градови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK