Лавров: Блискиот исток е на работ на голема регионална војна

Лавров-Не-е-исклучено-Москва-да-преземе-реципрочни-мерки-ако.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров оцени дека Блискиот Исток е на работ на голема војна.



„Блискиот исток повторно е на работ на голема регионална војна и наша заедничка одговорност е да го спречиме тоа да се случи“, рече Лавров во Ријад на седницата на Стратешкиот дијалог на Советот за соработка Русија-Заливот, пренесува РИА Новости.

Министерот изјави дека неспособноста на светската заедница да ги запре борбите во Појасот Газа доведе до нагло влошување на воено-политичката ситуација на целиот Блиски Исток.

Лавров посочи дека без решавање на палестинско-израелскиот проблем Блискиот исток нема да може стабилно да се развива и додаде дека Русија соработува со сите страни, пренесува Танјуг.

За возврат, премиерот и министер за надворешни работи на Катар, Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани, за време на својот говор укажа на потребата од воведување прекин на огнот во Појасот Газа.

Тој чекор го нарече клучен фактор за воспоставување траен мир на Блискиот Исток, поради што земјите треба да соработуваат.

Лавров, кој вчера пристигна во Ријад, веќе имаше средба со генералниот секретар на Советот, Јасем Ал Будеиви, како и со министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, Фајсал бин Фархан.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK