Лавина од критики до Си-ен-ен за интервјуто во живо со поранешниот претседател Доналд Трамп

trump
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Телевизијата Си-ен-ен е предмет на остри критики од американски медиуми, политички и медиумски аналитичари и првенци, како и незадоволни гледачи, поради организираното интервју во живо со поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп.







Интервјуто, одржано во средата во живо во стил на средба со граѓани во градско собрание, платформа што се дава за време на предизборието, сеуште ја бранува јавноста во САД поради повторните тврдења на поранешниот претседател за наводна фалсификација на претседателските избори во 2020 година. Либералните и левичарски портали и демократските гласачи повикуваат бојкот на Си-ен-ен. Според некои коментатори телевизијата со ова непотребно интервју се обидува да си го подигне нискиот рејтинг, но резултатот бил контрапродуктивен.

-Предвидливо катастрофален, напиша Марк Лукасевиц, поранешен ТВ раководител. Додаде дека биле прикажани „лажни работи во живо. Пријателска МАГА толпа која постојано се смее, ракоплеска на ударите на Трамп… а модераторот не може да се справи со рафалскиот ритам на лаги“.

Весникот пишува дека рејтингот на Си-ен-ен е разорачарувачки, до 3.1 милиони гледачи, понизок од рејтингот за време на градското сибрание со претседателот Бајден летоска (3.7 милиони). Фокс њуз и другите телевизии имаат многу повисока гледаност.

Сепак, телевизијата, која се промовира како „најдоверливото име во вестите“  си го оштети угледот. Новинари, како од самата ТВ куќа така и од други мрежи, го окарактеризираа градското собрание со Трамп како „дебакл“, „катастрофа“ и „најдолниот момент на Си-ен-ен“. на Твитер се појавијат хештаги како БојкотСи-ен-ен, ГотовоесоСи-ен-ен, ЧаоСи-ен-ен.

Крис Лихт, новиот раководител на телевизијата ја одбрани одлуката за гостувањето на Трамп во таков формат  (не снимено интервју како што обично се практикува со важни политички личности). Во утринскиот мејл вчера до вработените тој напиша:

-Свесен сум дека има силни реакции од луѓето и тоа е апсолутно очекувано. И ова ќе го кажам најјасно што можам: не треба да ги сакате одговорите на поранешниот претседател, но не можете да кажете дека не сме ги добиле… Со тоа што го направивме бевме во служба на Америка. Луѓето се разбудија и тие знаат какви карти се на маса на овие избори, и тоа не го знаеја претходниот ден.

Од раководството укажаа дека Трамп е најверојатен претседателски кандидат од републиканците, па затоа му била дадена ваква платформа.

Си-ен-ен објавува дневен медиски весник „Веродостојни извори“, коментарот на изданието беше остар.

-Тешко е да се види колку на Америка ѝ служеше спектаклот на лаги што се емитуваше на Си-ен-ен во средата навечер.

-Немаме време да ги проверуваме фактите за секоја лага што тој ја изрече, изјави водителот Џејк Тапер.

Во интервјуто, поранешниот претседател ги повторуваше познатите линии за наводно фалсифкуваните претседателски избори во 2020 година, и иако младата водителка во подем, Кејтлин Колинс, повеќепати се обидуваше со симултана проверка на факти, со дојдената публика подржувачи на Трамп, со свиркањето и ракоплескањето на неговите упади, ефектот очигледно беше во негова полза.

-Изборите не беа лажирани претседателе, му кажа Колинс на Трамп во еден момент. -Не можете да го повторувате тоа цела ноќ.

-Многу злобна личност си, одговори Трамп.

Тој беше задоволeн, и на неовата социјална мрежа „Трут соушл“ напиша дека со настанот „многу умови беа сменети… Најголеметото шоу досега на таа ноќ, на неделата, и на месецот!“

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK